Од денеска патничките возови ќе сообраќаат и за викендите, со редуциран возен ред

Од денеска патничките возови ќе сообраќаат и за викендите, со редуциран возен ред

Железници на РСМ-Транспорт од денеска, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани.

Почнувајќи од денеска, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека од Битола за Скопје ќе има возови во 6:00 и во 12:51 часот. Меѓу Скопје и Гевгелија, секојдневно ќе се одржат поаѓањата од Скопје во 6:23 и 15:24 часот, додека од Гевгелија за Скопје ќе има возови во 5:40 и 15:10 часот.

На релацијата Скопје-Велес-Скопје ќе има возови секој ден, со поаѓања од главниот град во 5:45, 9:15 и 13:20 часот, додека од Велес за Скопје возовите ќе поаѓаат во 6:40, 12:10 и 14:24 часот.

Редуцираниот возен ред на патничките возови е во согласност со ограничувањето на движење на населението во периодот од 19 часот навечер до 5 часот наутро. Железничкото претпријатие допрва ќе соопшти кога ќе ги врати во сообраќај возовите на релација Скопје-Куманово-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …