Пензионери во парк пензии

Од денеска почна исплатата на пензиите

Денеска почнува етапната исплата на априлските пензии, кои ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се врши денеска, понеделник 26.04.2021 година;

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши во вторник, 27.04.2021 година;

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши во среда, 28.04.2021 година;

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши во четврток, 29.04.2021 година.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска, понеделник 26 април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Прочитајте повеќе

9 ноември: Денот што ја обликува германската историја

9 ноември: Денот што ја обликува германската историја

Од 1989 година, на 9 ноември се потсетува на настанот што го промени светот: падот на …