ОД ДЕНЕСКА СТАПУВА НА СИЛА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА ЗА ЗИМСКИ ГУМИ

ОД ДЕНЕСКА СТАПУВА НА СИЛА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА ЗА ЗИМСКИ ГУМИ

ОД ДЕНЕСКА, 15 НОЕМВРИ, ПОЧНУВА ДА ВАЖИ ОБВРСКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА, КОЈА ЌЕ ТРАЕ СÈ ДО 15 МАРТ НАРЕДНАТА ГОДИНА

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

ОД ДЕНЕСКА СТАПУВА НА СИЛА ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА ЗА ЗИМСКИ ГУМИ

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …