Од Државното првенство во Скопје, џудистите на прилепски СЕИШИН се враќаат со 12 медали
Во неделата, во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје, се одржа Државно првенство во џудо за деца и сениори. На првенството учество зедоа десетина клубови од Македонија, со над 100 натпреварувачи.
Со вкупно 17 натпреварувачи во двете возрасни категории, на првенството учествуваше и џудо клубот СЕИШИН од Прилеп. Од Државното првенство, џудистите на СЕИШИН се враќаат со 12 освоени медали, од кои 3 златни, 2 сребрени и 7 бронзени.
Со медали се закитија следните прилепски џудисти:
Деца:
- Анастасија Кузманоска -25 кг 1 место
- Марко Василески -42 кг. 2 место
- Благојче Мантарoски -38 кг 3 место
- Борис Џагадуроски -30 кг. 1 место
- Давор Најдоски -27 кг 3 место
- Ангел Мошков -27 кг. 3 место
- Немања Џагадуроски -25 кг. 3 место
Сениори:
- Мартин Трајановски -60 кг. 3 место
- Марио Тошески -73 кг. 3 место
- Кристијан Тошески -90 кг. 3 место
- Јован Најдоски -100 кг. 1 место
- Марио Цинцароски +100 кг. 2 место
Споделете :