Од изворите во „Пашоски ливади“ во водоводната мрежа во Прилеп ќе доаѓаат нови количини на вода до 25 литри во секунда

Од изворите во „Пашоски ливади“ во водоводната мрежа во Прилеп ќе доаѓаат нови количини на вода до 25 литри во секунда

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски денеска изврши увид во градежните активности на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во местото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“.

Реконструкцијата на цевководот предвидува ископ на нова траса во должина од 4 км и поставување нови висококвалитетни лиено-железни цевки со дијаметар Ф-315, од светски познатиот произведувач „Понтамезон“.

Во зависност од хидролошката состојба, од изворите во месноста „Пашоски ливади“ во главната водоводна мрежа во градот ќе доаѓаат до 25 литри вода во секунда.

Средствата за имплементација на овој проект во висина од 31 милион денари, обезбедени се со одлука на Владата за прераспределба на парите од ТАВ програмата. Согласно предвидениот договор, од изведувачот на работите „Маркоски К 73“ ДООЕЛ, велат дека градежните работи ќе завршат во рок од 6 месеци.

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …