Од ноќеска бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намалат за половина денар.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто во однос на Одлуката од 25.10.2021 година.
На бензинските станици од ноќеска Еуросупер БС-95 ќе може да се набави по цена од 77 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари за литар. Дизел горивото ќе чини 68 денари, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе може да се купи за 67,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денари за килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.