Од ноќеска бензинот поскап за 1.5 а дизелот поевтин за 1 денар

Од ноќеска бензинот поскап за 1.5 а дизелот поевтин за 1 денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за еден денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 92 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 94, Еуродизел (Д-Е V) за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,258 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,436 денари.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …