Од пазарот е повлечен путер од кикирики поради недеклариран млечен протеин

Од АХВ апелираат потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот (LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година), истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) известува дека од пазарот е повлечен и нештетно уништен небезбеден производ, путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.

Од АХВ апелираат потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот (LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година), истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Агенцијата постапила по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), а путерот од кикикири е повлечен поради недеклариран алерген – млечен протеин.

Во земјава биле увезени 30 парчиња од овој производ.

„При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени“, вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …