Војна во Украина Мариупол

Од почетокот на воената агресија во Украина загинале 234 деца

Вкупно 234 деца се убиени, а над 433 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, јавува украинската новинска агенција „Укринформ“ повикувајќи се на изјава на украинското Јавно обвинителство.

„До 24 мај 2022 година, над 667 деца во Украина беа погодени од руската вооружена агресија. Според податоците на обвинителите за малолетници, загинале 234 деца, а над 433 се повредени“, се наведува во извештајот.

„Укринформ“ пишува дека овие бројки не се конечни, бидејќи сè уште се истражува во областите на воените дејствија, привремено окупираните и ослободените области.

Вкупно 1.848 образовни институции се оштетени низ Украина како резултат на секојдневните воздушни и артилериски напади на Русија, додека 173 од нив се целосно уништени.

„Укринформ“ јави и дека во градот Мариупол биле пронајдени околу 200 тела на жртви во подрум при демонтирање на урнатините на станбен блок на авенијата Миру.

Во последните 24 часа, најмногу жртви се регистрирани во регионот на Доњецк – 146, потоа во регионот на Кијив – 116, Харков – 103, Чернихив – 68.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Соборен американски авион, убиен француски војник во Ирак - се шират последиците од војната во Иран

Соборен американски авион, убиен француски војник во Ирак – се шират последиците од војната во Иран

Централната команда на САД, која е одговорна за американските сили на Блискиот Исток, доцна на 12 март …