Од полноќ поскапуваат горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на бензините за 2,5 до 3 денари, а на дизелот за 1,5 денар.

За 3 денари поскапува „Еуросупер 95“, кој ќе се продава по 71,5 денари за литар. За 2,5 денари се зголемува цената на „Еуросупер 98“ и ќе се продава по 73 денари за литар. За 1,5 денари се зголемува и малопродажната цена на „Еуродизелот“, чија нова цена ќе изнесува 62,5 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите две недели изнесуваше 70,4 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …