Бензинска станица

Од полноќ бензинот поскап за 5.5 а дизелот за 10 денари

Според најновата одлука на РКЕ, од полноќ ќе дојде до значително зголемување на цените на горивата, односно дизелот се зголемува за 10, а бензините поскапуваат за 5.5 денари за еден литар.

Тоа значи дека Еуродизел ќе се точи по цена од 85,50 денари, Еуросупер БС-95 ќе чини 89,50 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за безмалку 11 проценти, а кај дизелот за за повеќе од 21 процент.

Од РКЕ истакнаа дека доколку има потреба, за висината на цената на горивата ќе носат одлуки и на дневно ниво.

„Од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информираше Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните. Нафтени деривати има во доволни количини, проблем е високата цена, но не само кај нас, туку во цела Европа“, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …