цени поскапување на горивата бензин дизел бензинска горива

Од полноќ нови поскапувања на горивата, бензинот за два денари, дизелот за еден денар

Од полноќ стапуваат во сила новите, повисоки цени на горивата во Македонија, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Бензините поскапуваат за два денара за литар, дизелот за еден денар, а просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 1,55 отсто.

Според одлуката на РКЕ, максималните цени ќе изнесуваат 93 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-95, 95 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98 и 100 денари за литар ЕУРОДИЗЕЛ.

Цената на екстралесното масло останува непроменета и ќе изнесува 110 денари за литар. Мазутот поскапува за 1,30 денари за килограм, па новата цена ќе биде 55,573 денари.

Од РКЕ објаснуваат дека при пресметката се земени предвид движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и промената на курсот на денарот во однос на доларот. Дополнително, применети се владините мерки за намален ДДВ за дизелот и пониски акцизи за бензините и дизел-горивото.

Извор: META

Прочитајте повеќе

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Ирена Ѓорѓиеска, мајка на претепаното девојче од Охрид кое сè уште се наоѓа на болничко …