Од полноќ поевтинуваат бензините, цената на дизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 1.12.2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 денари додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 денар.

Од 6.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,171 (денари/килограм)

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …