горива бензини

Од полноќ поевтинуваат бензините

Ќе се намалат цените на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто, најави РКЕ

Од полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто, најави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар Дизел горивото ќе се продава за 73 денари за литар, односно за 0,50 денари за литар помалку.

Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 71,50 денари за литар, односно и двата се намалуваат за 1 денар за литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,275 ден/кг, со што ќе се продава по цена од 44,381 денари за килограм.

Од РКЕ известуваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1439 отсто.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Додека доларот расте златото драстично опаѓа во пошироката распродажба на пазарите

Додека доларот расте златото драстично опаѓа во пошироката распродажба на пазарите

Златото падна за дури 4%, бидејќи остриот пораст на американскиот долар изврши притисок врз скапоцените …