Горива

Од полноќ поскапуваат бензинот и дизелот за 2.5 и 2 денара за литар

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се зголемува за 2.5 денари за литар, а на дизелот за 2 денар2.

Тоа значи дека од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 78 денари за литар, БС-98 ќе чини 80 денари за литар, додека дизелот ќе се продава за 70,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денара и тоа ќе се продава по цена од 70.5 денари за литар.

За 0.473 денари поскапува и мазутот, со што неговата цена ќе изнесува 44,507 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

СДСМ: ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Соопштение за јавност на СДСМ Со лажни слики и јалови лаги, сателитите на Мицкоски од …