Од утре ќе возиме со поевтини горива

Од утре ќе возиме со поевтини горива

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за 1 денар по литар, а дизелот за 2 денара.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто во однос на важечките малопродажни цени на нафтените деривати, утврдени од страна на трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 71, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 73 денари за литар. За 2 денара по литар се намалува цената на „еуродизел“ и ќе изнесува 64 денари за литар.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …