Парно греење Радијатор Грејната Грејна сезона

Од утре скопјани ќе плаќаат за пет проценти поскапо парно греење

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје ќе се зголеми за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.

Со ова зголемување како што истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, се очекува просечната сметка за топлинска енергија да се зглеми за околу 100 денари, па така оние што досега плаќале 2.100 денари, од февруари ќе плаќаат 2.200 денари.

Тој најави дека во текот на февруари ќе се донесе одлука и за цените на железарското парно и топлинската енргија што ја испорачува топланата Скопје Север.

Прочитајте повеќе

ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони

ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави извештај за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на …