Пензионери во парк пензии

Од вторник започнува исплатата на пензиите за месец април

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21.04.2022 година. Со тоа, банките треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 26.04.2022 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 27.04.2022 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 28.04.2022 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 29.04.2022 година.

Прочитајте повеќе

дијабетес

Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Македонија се наоѓа на слично ниво со Словенија (7 отсто) и Бугарија (7.4 отсто), но …