Одбележан „Денот на Peugeot 404“

Еуроимпекс како генерален увозник на Peugeot го подржа настанот „Денот на Peugeot 404“, кој се одржа во чест на легендарниот модел на брендот а во организација на „Македонскиот клуб Пежо 404“.

Дефилето започна пред седиштето на Еуроимпекс, а како крајна цел беше Француската Амбасада во Скопје каде се одржа приемот на медиумите и официјално обраќање од страна на Францускиот Амбасадор Г-динот Кристијан Тимоние, Министерот за внатрешни работи Г-динот Оливер Спасовски и г-динот Деан Шкартов организатор на настанот.

„Овие автомобили се историјата на Франција и важат за едни од најиздржливите во светот. Би сакал да истакнам дека бројот на туристи во Северна Македонија се зголемува во летните месеци. Тие доаѓаат главно од земјите членки на ЕУ и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност“ изјави амбасадорот Тимоние.

 

Прочитајте повеќе

Michelin Мотоцентар Лукоил

Акција на Мотоцентар и Лукоил: Купи. Добиј. Вози. – со гумите на Michelin

Купи. Добиј. Вози. – со гумите на Michelin Купи летни или целосезонски гуми од Michelin …