Посетителите имаа можност да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките и консултации со лимфедема
Светскиот месец посветен на ракот на дојка се одбележа вчера во Градскиот парк во Скопје, со настанот „Розов Пикник“. Посетителите имаа можност да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките и консултации со лимфедема.
Извршната директорка на здружението ЕЗРА, Лиридона Лимани ја истакна важноста на раната дијагностика, охрабрувајќи ги сите да преземат проактивен пристап кон своето здравје.
„Важно е да сме свесни и информирани. Редовните прегледи и самопрегледот се клучни во раната детекција и успешно лекување,“ рече Лимани.
Извор: МЕТА