Основното училиште „Страшо Пинџур“ во населеното место Мало Коњари, денеска одбележа 106 години од раѓањето на својот патрон и 66 години од постоењето на образовната институција.
Пред новопоставената биста на народниот херој Страшо Пинџур, во дворот на училиштето во Мало Коњари, свежо цвеќе положи делегација од општинскиот Совет, како и претставници од истоименото училиште и Општинскиот одбор на Сојузот на борци.
Пред присутните на чествувањето, кое се одвиваше според протоколите за заштита од Ковид-19, свои обраќања имаа директорката на училиштето Ирена Кироска, претседателката на Советот на Општина Прилеп, Еленче Ташкоска, како и претседателот на прилепскиот огранок на Сојузот на борци, Круме Соколоски, кои се осврнаа на големото револуционерно дело на Страшо Пинџур, на неговиот несебичен придонес во НОБ и на инвестициите во училиштето.
Прочитајте повеќе
Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“
Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …