Одбележана 100-годишнината од смртта на Марко Цепенков

Со полагање цвеќе на споменикот пред Центарот за култура кој го носи неговото име, денеска беше одбележана 100-годишнината од смртта на најголемиот собирач на македонски народни умотворби, Марко Цепенков.

Цвеќе пред неговиот споменик положија градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателката на Советот на општина Прилеп, Еленче Ташкоска, како и претставнци на институцијата чиј тој е патрон, НУЦК „Марко Цепенков“.

Марко Цепенков е роден на 7 ноември 1829 година, а починал на 29 декември 1920 година. Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела, можат да се набројат повеќе од 5.500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2.900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал и сл. Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …