Одбележана 76 годишнината од загинувањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане

Одбележана 76 годишнината од загинувањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане

По повод 76 годишнината од загинувањето на Кире Гаврилоски – Јане, Општинското основно училиште од Прилеп кое го носи неговото име, денеска го одбележа својот патрон празник

По тој повод, претставници на училиштето положија цвеќе на местото на загинување на Кире Гаврилоски – Јане, на неговата биста во Алејата на народните херои и на Могилата на непобедените, во Паркот на револуцијата.

Патрониот празник беше одбележан согласно препораките и уредбите на Владата за забрана за групирање на повеќе од две лица. Од тие причини, видео обраќање во чест на патронот имаа директорката, Кети Стевананџија и повеќемина наставници од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.