Одбележана 76 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски- Питу

Средното економско училиште од Прилеп, денеска ја одбележа 76 годишнината од смртта на нивниот патрон – народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, прилепчанецот кој ги носи најголемите заслуги за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во нашата држава.

По тој повод, градоначалникот Илија Јованоски и делегации од општинскиот Совет, Сојузот на борци од Прилеп и средното економско училиште, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот и пред неговите спомен бисти во Алејата на народните херои и во училиштето кое го носи името на народниот херој.

Градоначалникот Јованоски во својот поздравен говор пред присутните во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, истакна дека Прилеп се гордее со првоборецот Кузман, додавајќи дека единствен начин да му се оддолжиме на народниот херој, покрај славењето на неговото револуционерно дело, е да ги продолжиме неговите и наши заложби за напредок и развој, преку континуирани инвестиции во училиштето и подобрување на образовниот процес на учениците.

Со осврт кон богатата револуционерна биографија на херојот, учениците и професорите на економското училиште во Прилеп, му оддадоа достојна почит на Кузман Јосифоски-Питу, а директорката Билјана Марковска ги потенцираше инвестициите во ова училиште.

Во изминатата година значително се подобрија условите за настава и работа во училиштето, преку реновирање на тоалетите на првиот кат во училиштето, обнова на подовите, набавка на нови компјутери, нагласи директорката на СОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, Билјана Маркоска.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …