Одбележани 101 година од раѓањето на Кире Гаврилоски – Јане

Одбележани 101 година од раѓањето на Кире Гаврилоски – Јане

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Кире Гаврилоски-Јане на алејата на народните херои и пред спомен плочата на неговата родна куќа, денеска делегации од Општина Прилеп, претставници и ученици од основното училиште „Кире Гаврилоски  – Јане“, одбележаа 101 година од раѓањето на народниот херој.

Учениците и наставните од училиштето „Кире Гаврилоски – Јане“, подготвија и кратка пригодна програма, со што го збогатија чествувањето на споменот за патронот на нивното училиште.

Одбележани 101 година од раѓањето на Кире Гаврилоски – Јане„Денеска, 22 февруари, 2019 година, прославуваме 101 година од раѓањето на нашиот патрон „Кире Гаврилоски – Јане“. Во таа чест, претставници од Советот на Општина Прилеп, претставници од семејството на Кире Гаврилоски – Јане, ние наставниците и учениците од основото училиште, подготвивме кратка пригодна програма, а секако и положивме цвеќе на Могилата на неподените и на спомен плочата“, истакна директорката на училиштето, Кети Стевананџија.

Во врска со плановите и градежните работи, директорката Ставананџија потенцираше дека во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ постојано се гради и се подобруваат условите, а  дека учениците во континуитет постигнуваат големи успеси, преку голем број на награди.

„Реконструкците на горниот кат од училиштето и на санитарните јазли, се целосно завршени. Исто така, неодамна се пофаливме дека добивме машина за темелно чистење на ходиниците, а веќе повторно бараме финансиски средства за долниот спрат, односно за приземјето, со што ќе биди направена целосна реконструкција на училиштето. Она што ни е најважно и она што е нашата цел, е да изградиме фискултурна сала.  Оваа година се надеваме дека ќе влеземе во тие 70 училишта, во кои преку Министерството за образование ќе се направат спортски сали. Документите се целосно подготвени и средени, а во моментот очекуваме одговор“, посочи директорката Стевананџија.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …