Одбележани 40 години од формирањето на ЦК „Марко Цепенков“

Во присуство на заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, в.д директорката на ЦК „Марко Цепенков“, Марија Спиркоска Илијеска и пред голем број на посетители и гости, синоќа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа концерт со наслов „Од Нас за Вас“, со кој се одбележуваат 40 години од формирањето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Присутните можеа да уживаат во настапот на танцовото студио „Зодијак“, во прекрасната интерпретација на сопранот, Ана Митоска, мецосопранот Катерина Попоска, пијанистот Денис Најдоски, во одличната изведба на виолончелистката Андријана Дукоска и вилонистот Љупчо Трајаноски.

Силни аплаузи за своите настапи добија и пејачот Илија Белистојаноски, октетот „Прилеп“, КУД „Моминок“, како и актерите од театар ‘Чин 4 сцена 5“ за маестралното претставување на извадоците од претстaвите „ Ана Франк “ и „Кумови“

Организаторите велат дека отворањето на сегашниот ЦК „Марко Цепенков“, се случил во месец ноември 1979 година со претставата „Факел“ од Коце Солунски. И тогаш исто како и сега, се’ било во функција на развој на културата.

Тешко е да се сублимираат сите активности: концерти, претстави, изложби, промоции…

ЦК „Марко Цепенков“ претставува вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и земјава, туку и пошироко, а вчерашниот настан беше збогатен и со поставената ретроспективна изложба на слики од колонијата „Дрен“.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …