Одбиена жалбата на Русковска, суспензијата останува

Одбиена жалбата на Русковска, суспензијата останува

На затворена седница членовите на Советот на јавни обвинители ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска за нејзината суспензија со седум гласа „за“. Со тоа нејзината суспензија останува во сила до одлуката за дисциплинската постапка.

Денешната 63 седница беше закажана откако пред два дена Русковска поднесе жалба затоа што, како изјави, со нејзината суспензија се суспендира правото и правдата во земјава. Таа изјави дека со жалбата ги побива наборите во решението за суспензија.

Советот денеска одлучуваше само за суспензијата, а во меѓувреме си тече дисциплинската постапка против Русковска и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Русковска – Притисокот доаѓа од поранешна влада

Републичкиот јавен обвинител минатата недела донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на нејзина одговорност и уште две обвинителки за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда при претресот во Финансиската полиција.

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми поднесе и кривична пријава против Русковска, а „војната“ меѓу нив почна откако обвинителките влегоа во Финансиската полиција да прават претрес. По меѓусебните обвинувања и преписки, Русковска беше суспендирана, а Муареми се повлече од функцијата. Вчера од Владата соопштија дека е разрешен и првиот човек на државното правобранителство Фехми Стафа.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …