Одбраната си ги реконструира објектите – реновирана зградата на Ренџерите

Зградата од 4.000 квадратни метри во која се сместени Ренџерите на АРМ е целосно реконструирана, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која го посети ренџерскиот павилјон во скопската касарна Илинден. Со реконструкцијата, вредна 45,5 милиони денари, е поставена нова електрична и инсталација за греење, хидроизолација и целосна термичка изолација, обнова на санитарните јазли, нов под…

– Откако го завршивме и заокруживме новиот реконструиран објект во Куманово, објектот на армиските ренџери е вториот целосно заокружен и реновиран армиски објект со целосна реконструкција, која се случува по 50 години нејзино користење, рече Шекеринска.

Во кумановската касарна беше целосно реконструиран објектот во кој сега се наоѓа командата на Мултинационалната мировна бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, а во касарната „Илинден“ во тек е реконструкција на уште неколку објекти.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …