сметки струха

Одговорноста за високите сметки за струја е кај Владата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ

Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%.

Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата.

Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните.

Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот.

Затоа граѓаните плаќаат 30% поголеми сметки за струја.

Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра.

СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби.

Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски.

Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски.

Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста.

Ова е нивен неуспех, нивна вина и нивна директна штета врз стандардот на граѓаните!

Прочитајте повеќе

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Соопштение за јавност на СДСМ Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие …