Одлична година за Театар Комедија - 179 претстави и над 46.000 посетители

Одлична година за Театар Комедија – 179 претстави и над 46.000 посетители

После целосното разгледување на извештаите за посетеноста на прикажаните претстави, НУ Театар Комедија утврди дека во 2019 година на својата сцена има реализирано пет премиери, од кои четири на големата сцена, а една на мала сцена.

Исто така, секторот аналитика утврдил дека во 2019 на сцената на Театар Комедија биле одиграни вкупно 179 престави кои ги виделе 46.609 посетители. Она со што од оваа театарска куќа се гордеат, е дека бројот на изведби бележи пораст од 62,7%, а посетеноста 60%.

Со овие бројки утврдени од страна на комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, покрај фактот дека НУ Театар Комедија бележи огромен раст и развој во својата работа, таа целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во нашата држава.

Прочитајте повеќе

Филхармонија

В четврток концерт „Светлина“ во Филхармонија

За првпат во Македонија, Станко Мадиќ ќе го изведе концертот за виолина и оркестар број …