Вториот натпревар од финалето на „Копа Либертадорес“ помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, кој синоќа беше одложен заради напад на автобусот со кој играчите на Бока Јуниорс одеа на натпреварот, ќе се игра вечерва со почеток во 21.00 часот по средноевропско време.

Причина за одложувањето се серијата на инциденти, каменувањето на клупскиот автобус на Бока Јуниорс, употребата на солзавец на полицијата и повредите на лицето на двајцат фудбалери на Бока.

И првиот финален натпревар на „Ла Бонбонера“ кој заврши со резултат 2:2, беше одложен за еден ден, но тогаш заради лошите временски услови и врнежите од дожд.