Одобрена апанажа, засега, за 29 пратеници

Одобрена апанажа, засега, за 29 пратеници

На вкупно 29 поранешни пратеници, до сега, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Тие испратиле барање до Собранието за да го искористат своето законско право да добиваат една година плата од државата, иако веќе не извршуваат функција. Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека се поднесени и други барања кои се разгледуваат.

Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28 јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

Според законот, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието. По завршувањето на пратеничкиот мандат од минатиот собраниски состав такво законско право може да искористат вкупно 57 пратеници.*

Најниската плата на пратеник во македонското собрание изнесува 74 илјади денари, додека највисоката е за координаторите на пратеничките групи и претседателите на работните собраниски тела и комисии, која достигнува и над 140 илјади денари без при тоа да се вметне и додатокот што го добиваат за работен стаж и патните трошоци.

На дневен ред на првата седница на оваа Комисија е и разгледување на барањето од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата, е наведено на собраниската веб-страница.

Прочитајте повеќе

кацарска

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната …