Одржана 38 итна седница на Советот на општина Прилеп

Одржана 38 итна седница на Советот на општина Прилеп

Усогласувањето на сопствените приходи на Основниот буџет со забелешките на Министерството за финансии, беше причина за одржување на итна седница на Советот на општина Прилеп. На дневниот ред на седницата се најде само една точка, усвојување на Предлог-буџетот на Општина Прилеп за 2020 година.

„Со доставените забелешки, денеска беше усвоен консолидираниот буџет за 2020 година, кој изнесува 1.523.107.000,00 денари. Од нив, Основниот буџет е проектиран на 669.041.000,00 денари, односно точно во границите на дозволениот лимит“, изјави Драге Звездакоски, раководител на сектор за финансиски прашања на Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …