Одржана првата работилница од проектот „Водоснабдување на Делчево“

Одржана првата работилница од проектот „Водоснабдување на Делчево“

Претставици од комуналните претпријатија од  Берово и Пехчево, претставници од месните заедници од Ѕвегор и Габрово, претставници од работните тимови од Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ беа дел од првата работилница на која беше претставен проектот „Водоснабдување на Делчево“. Консултантите кои го имплементираат проектот од консултантската фирма ЕБП од Швајцарија и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот, го презентираа проектот, планираните активности и резултатите кои се очекуваат од неговата имплементација.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој ја отвори работилницата го потенцираше значењето на овој досега најголем проект кој се реализира во Делчево и кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните.

-Инситуционалното зајакнување на капацитетите на комуналните претпријатие од регионот ќе значи нивно преструктурирање во современо претпријатие и подобрување на квалитетот на дадените услуги. Сакам да апелирам до сите вклучени во проектот максимално да се посветени во работата, за да можеме квалитетно и навремено да ги испорачаме барањеата од консултантите за да направат успешене скрининг врз основа на кој наредниот период ќе се темели целиот процес , истакна Трајковскиголемо значење.

Значењето на компонетната за институционално зајакнување на ЈПКД „Брегалница“и вклучувањето на претпријатијата од Берово и Пехчево има  огромно занечње, истакна Емилија Спировска, заменик-тим лидер на проектот.

-Ова е нов вид на размена на искуства, каде се вклучуваат претпријатијата од Берово и Пехчево што значи размена на искуства, на добри практики и ќе биде еден пилот проект и позитивен пример , истакна Спировска.

Директорот на ЈПКД „Брегалница“ Стојче Стојковски потсети дека соработката меѓу јавните претпријатија од регионот е на задоволително ниво, но со овој проект сите три јавни претпријатија ќе имаат можност заедно да работат за да ја остварат целта-да израснат во современи претпријатија и да го подобрат квалитетот на услугите, рече Стојковски.

Работните тела формирани за имплементација на проектот заедно со консултантите, попладнево ја скенираат состојбата на теренот поврзана со водоснабдувањето на Делчево.

Инаку, во рамките на инфраструктурните инвестиции предвидена е изградба на пречистителна станица за вода, продолжување на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија, а во текот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој во Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“, како и комуналните претпријатрија од Пехчево и Берово.

Вкупната вредност на Проектот „Водоснабдување на Делчево“ изнесува  7,3 милиони швајцарски франци, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …