Одржана првата владина седница со превод од и на албански

Владата соопшти дека на вчерашната 117-тата седница првпат министрите Албанци говореле на албански јазик, според одредбите на Законот за употреба на јазиците. Овој закон беше објавен во „Службен весник“ иако не доби потпис од претседателот Ѓорге Иванов.

Биле прифатени владините измени на законот за абортус, со кој се укинуваат претходните ограничувања, а започната е и постапка за решавање на проблемот со споменикот на Мајка Тереза, кој не е изграден.

„Претседателот на Владата, Зоран Заев истакна дека примената на Законот за употреба на јазиците на седниците на Владата, извршната власт, освен што го овозможува законското право, истовремено дава пример дека употребата на јазиците на заедниците, таму каде што тоа го регулира законот е и цивилизациско право и потврда дека нашата земја не само декларативно, туку и практично ги овозможува правата на сите заедници“, се вели во соопштението од Владата.

Дополнително, владиниот кабинет го задолжил Министерството за култура да почне постапка за пренамена на споменикот на Мајка Тереза согласно со предвидените можни намени во урбанистичката планска документација за предвидената парцела и да распише јавен конкурс за идејно решение за пренамена на објектот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …