Одржано државното првенство во пинг-понг во сениорска конкуренција

Одржано државното првенство во пинг-понг во сениорска конкуренција

Изминатите два дена, во СЦ „Борис Трајковски А1 Арена“, после пауза од една година заради пандемијата на ковид-19, се одржа државното првенство во пинг-понг во сениорска конкуренција,

Исто како во 2019 година, финалната борба меѓу Кристијан Станојковски и Ѓоко Јочкоски заврши со победа на Станојковски со идентичен резултат 4:2, со што повеќекратниот шампион на Македонија се закити со нова титула.

Во полуфиналните борби, Станојковски беше подобар од Петар Костовски, додека Јочковски го совлада најмладиот полуфиналист, Дамјан Стојчев.

Во женска конкуренција, државен првак стана Амелија Уце, која во финалето славеше против Ана Стојановска со резултат 4:0.

Пласман сениори:

  1. Кристијан Станојковски
  2. Ѓоко Јочкоски
  3. Дамјан Стојчев, Петар Костовски

Пласман сениорки:

  1. Амелија Уце
  2. Ана Стојановска
  3. Билјана Младенова, Ива Димитриевска

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …