Одземени ингеренциите на Општина Битола за градинките „Естреа Овадија Мара“

Одземени ингеренциите на Општина Битола за градинките „Естреа Овадија Мара“

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Битола, на градоначалникот Тони Коњановски и Советот на  општина Битола за управување со установата „Естреа Овадија Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Причината за ваквиот потег на Министерството е неизгласувањето на седница на Совет на членот на Управен одбор од редот на вработените, потврдуваат од градинката за „Независен“. Што значи дека сега именувањето на членот на УО од редот на вработените нема да се гласа на седница на Совет, туку на седница на Владата, со тоа што УО ќе биде во полн состав од 7 члена. Во образложението на Министерството пишува дека  „се одземаат надлежностите на градоначалникот на Општина Битола и Советот на Општина Битола за избирање и разрешување на член на УО во ЈОУДГ „Естреа Овадија Мара“ Битола, од редот на вработените како претставник на установата во постапка пропишана  со статут на установата и Закон за детска заштита. МТСП ќе ги врши одземените работи од надлежноста на општината за избирање и назначување на член на УО во однос на јавната општинска установа, како претставник на установата во постапка пропишана со статут во име и на сметка на Општина Битола“, стои во решението од Министерството кое стаса на адреса на градинката.

„Беше блокирана установата во делот на носењето на одлуки речиси три месеци до денешен ден, без Управен одбор. Претходно Советот на Општина Битола не даде согласност ниту за годишната програма за 2021-2022, ниту пак за извештајот 2020-2021,  без никакво образложение иако во изминатиот период беа направени досега најголеми вложувања во реконструкција и обнова на градинките. Но, денеска Министерството за труд и социјална политика  ги одзеде ингеренциите на градоначалникот и Советот. Продолжуваме да работиме посветено и домаќински бидејќи промената на подобро во сите 9 објекти е голема и значајна, вели Лидија Тфирст Митревска, директорка на градинката „Естреа Овадија Мара“ Битола.

Од Општина Битола до овој момент немаат допис од Министерството за одземените ингеренции.

Познавачите на приликите велат дека ваквиот потег на градоначалникот и Советот на Општина Битола е всушност увертира со цел да се сменат директорите на градинките во Битола кои имаат важечки мандат.

Извор: АПЛА

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …