ОФС Прилеп со Плакета постхумно го одликуваше фудбалскиот судија Трајче Маџоски

ОФС Прилеп со Плакета постхумно го одликуваше фудбалскиот судија Трајче Маџоски

За особен придонес во развојот на најпопуларниот спорт на пошироките простори, фудбалот, Општинскиот фудбалски сојуз – Прилеп со Плакета постхумно го одликуваше најдобриот прилепски фудбалски судија на сите времиња и еден од најдобрите судии на просторите на поранешна Југославија, Трајче Маџоски.

Трајче Маџоски
Трајче Маџоски

Трајче Маџоски (1941-2011) од својата 17-годишна возраст станал вљубеник во фудбалската топка. После кратката епизода како играч, Маџоски се пронашол себеси во делењето на фудбалската правда.

Како што и самиот често потенцирал, во фудбалската и во судиската кариера имал два идола: Димитар Лашкоски – Димако и Перула Костоски, врвен македонски фудбалски судија и човек со голема душа, за кого Маџоски знаел да каже дека е негов втор родител.

Трајче Маџоски, или Маџо како што неговите сограѓани прилепчани го викаа, беше Интернационален фудбалски судија со импозантна судиска кариера.

Покрај во некогашната силна Втора лига – Исток, 14 години судел натпревари во југословенската Прва фудбалска лига, многу често делејќи ја фудбалската правда и на екипите од „големата четворка“: Црвена Звезда, Партизан, Хајдук и Динамо.

Трајче Маџоски (прв од десно)
Трајче Маџоски (прв од десно)

Од 1980 година Маџоски го носел амблемот на УЕФА, појавувајќи се во улога на главен или помошен судија на дваесетина меѓународни натпревари.

Во 1972 година бил прогласен за најдобар македонски фудбалски судија, а од судиското свирче се простил на 10 јули 1996 година, на пријателскиот натпревар одигран во Прилеп помеѓу екипите на „Победа“ и белградски „Партизан“.

Се’ до своето пензионирање, Трајче Маџоски бил вработен како Генерален секретар на ФК „Победа“.

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …