Охрид го доби првиот патнички катамаран на сончев погон

Охрид го доби првиот патнички катамаран на сончев погон

Охрид доби еколошко пловило со електрични мотори, кои се напојуваат од сончевата енергија. Станува збор за еколошко и безшумно пловно средство, идеално за економичен и безбеден превоз на Охридското Езеро.

Катамаранот, кој чини речиси половина милион евра е наменет за превоз на стотина лица, а по водите на Охридското Езеро ќе плови со брзина од 17 километри на час. Охрид има премногу сончеви денови, ваквите бродови целата енергија би ја црпеле од сонцето.

Првите три вакви катамарани на Балканот веќе се ставени во функција на Млетските езера во Хрватска.

„Развојот на овој брод беше повеќегодишната соработка на повеќе научни институции. Бродот се одликува со голема самоодржливост, може да плови и до 200 километри без никакво надополнување, што е повеќе од доволно за целодневна пловидба“, вели сопственикот на фирмата „I-CAT“, Томислав Бурада, кои воедно се производители на електро катамаранот.

Флотите на европските земји веќе се збогатени со вакви еколошки пријателски пловила. Хрватите планираат да го преземат истиот потег, а нашата земја засега е многу далеку.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …