„Охридско лето“ помеѓу најдобрите фестивали на европската културна сцена

Фестивалот „Охридско лето“ е на високото трето место во Европската асоцијација на фестивали (ЕФА).

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката на нашиот фестивал за да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена, поради големината на богатата историја на оваа културна манифестација.

Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА, следната година, кога фестивалот слави јубилеј, 60 години успешно постоење.

На годинешново 67. Генерално собрание на ЕФА учествувале 230 делегати од 80 европски фестивали.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …