Осомничениот држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања која му била одземена при претрес
54 годишник, во двор од куќа во Велес неовластено, за продажба, држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања, информира Основното јавно обвинителство.
„Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик“, наведено е во соопштението.
Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.