ОЈО поднесе обвинение против 30 лица за упадот во Собрание на 27 април

ОЈО поднесе обвинение против 30 лица за упадот во Собрание на 27 април

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија на 27 април кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратеници, новинари и собраниски службеници.

Од вкупно 35 осомничени, обвинението е поднесено против 30 лица, од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело.

За четири лица постапката е прекината, бидејќи не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така, за едно лице, односно за пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок со насилство и создале чувство на несигурност и страв.

-Опсежната истрага утврди дека обвинетите дејствувале со иста цел извршувајќи усогласени дејствија – рече Јовевски.

Според обвинението, обвинетите го загрозиле животот на пратениците, новинарите и на вработените кои во тој момент биле во законодавниот дом.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси …