обвинителство

ОЈО: Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денес поднесе обвинение за убиството на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот и барање за продолжување на притвор за тројцата осомничени.

Тие се теретат за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, наведе ОЈО во соопштението.

Според ОЈО, предлогот за продолжување на притворот за тројцата обвинети било поднесено бидејќи сè уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

Денис Тот почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ во Скопје на 8 април откако претходно беше нападнат во близина на дискотеката „Привилиџ“. Тогаш, Основното јавно обвинителство соопшти дека на Институтот за судска медицина и геонтологија била извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …