• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и се на еден оброк дневно

      22/6/2017
      Македонија
      Околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и се на еден оброк дневно

      Oколу 445.000 граѓани имат проблем да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот. Во исто време, се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони храна, во вредност помеѓу 8 милиони и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброка дневно.

      Оваа анализа ја презентирале неколку граѓански здруженија на состанокот во Министерството за труд и социјална политика, на кој освен министерката Мила Царовска, присуствувале и министерот за финансии, Драган Тевдовски, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

      „Причината за фрлање храна лежи во неколкуте законски пречки, како што се одговорност од несакани последици, но и даночните проблеми. Беше побарано да се воведе едноставна процедура за даночни поттикнувања за тие што ја донираат храната, да се подготви владина програма за поддршка на граѓанските организации кои би ја дистрибуирале храната, да се направи список на храна која може да се донира по поминувањето на нејзиниот рок“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

      Претставниците на граѓанските здруженија и надлежните институции договориле во идниот период да се формира работна група, за да се операционализираат мерки што би го овозможиле донирањето на вишоците храна и би им се помогнало на илјадници социјално загрозени граѓани.

      Извор: МЕТА

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик
      Следно
      Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик
      Фејсбук статус на денот
      Претходно
      Фејсбук статус на денот

      Слично

      • 19/2/2019

        Телефонски разговор Заев - Саливан: Остануваме посветени на прашањата за

        Телефонски разговор Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и регионот
        19/2/2019

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача - пеење

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача – пеење химна не е тероризам
        19/2/2019

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон за Агенција на национална безбедност како замена за УБК, нов Предлог-закон за инспекциски надзор
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА