Оксидативниот стрес во време на пандемија, како причина за смрт кај болни со хронични кардиоваскуларни заболувања

Оксидативниот стрес во време на пандемија, како причина за смрт кај болни со хронични кардиоваскуларни заболувања

Пишува: д-р Владо Ѓорѓиески, мед. сци. интернист – кардиолог

Факт е дека пандемиите се најголеми катастрофи по човештвото, независно од тоа од што се предизвикани. Поголем број од луѓето се свесни дека настанатата пандемија на новиот корона вирус претставува бумеранг, кој ни се врати како одговор на сите досегашни модели на однесување кон природата, кои биле погрешни од повеќе аспекти.

Всушност, актуелната пандемија на новиот корона вирус сите нас не’ стави на испит, итоа и како поединци, и како општество, а пред се’ ги стави на испит медицината, науката, образованието, културата, а посебно власта која има задача да се грижи за нас и нашето здравје преку спроведување на определени политики, мерки и постапки.

Една од најважните превентивни мерки за сузбивање на пандемија е изолацијата, која овозможува да се прекине синџирот на зараза. Во поглед на заштита на македонскиот народ од овој вирус, Министерството за здравство и Владата во целост, одлично се справуваат преземајќи соодветни мерки и препораки.

Тоа е едната страна на пандемијата и потребата од изолација што таа ја наметнува како неопходност. Присуството на вирусот (страв), но и мерките за негово сузбивање (физичка изолација), кај огромен број луѓе предизвикуваат стрес, односно, нивниот организам се наоѓа во стресна состојба.

Стресот е природна појава и претставува неможност за прилагодување или несоодветна реакција на организмот, која настанува како резултат на обидот за прилагодување на организмот на некои изненадувачки, непријатни случувања или ситуации. Но, покрај тоа, стресот претставува и инструмент кој може да ги развие оние одбранбени системи кои природно ги поседува човекот, но заради низа внатрешни препреки истите може да ги блокира.

Во конкретниов случај, стресот е заради стравот од инфекција и изолацијата. Стресот е една од причините за предизвикување на оксидативнен стрес. Оксидативниот стрес преставува дисбаланс помеѓу продукцијата на реактивни радикали (се создаваат и во нормални метаболички патишта во митохондриите на клетката) и дејството на антиоксидативните материи. Преголема продукција на слободни радикали (слободни молекули на кислород и азот) или намалени антиоксидативни протективни (заштитни) механизми на организмот, доведуваат до “оксидативен стрес” и со самото тоа до оштетување на клетките и ткивото.

Слободните радикали кои константно се созадаваат во организмот, во ситуација кога се во ниски концентрации ја остваруваат својата физиолошка улога во: имуниот систем (фагоцитозата), активирањето на леукоцитите, во синтезата на есенцијални биолошки соединенија и производството на енергија, клеточното растење и програмираната клеточна смрт (апоптоза).

Но во ситуација на нивно зголемено создавање и/или неадекватно отстранување, доаѓа до остварување на негативен ефект, односно, оксидативен стрес.

Слободните радикали се нестабилни молекули кои во организмот стапуваат во хемиски реакции со важни клеточни елементи (оштетување на протеините-оксидација која води до нивна фрагментација, оштетување на јагленохидратите-оксидација на гликозата и другите моносахариди, оштетување на липидите кои се важен градивен елемент на клеточната мембрана и доаѓа до губење на интегритетот на мембраната, модификација на DNK која доведува до промена на нејзината структура, која понатаму води до генетски оштетувања, атеросклероза, стареење) при што предизвикуваат функционални и структурни пореметувања на клетките.

Денес е докажано дека слободните радикали учествуваат како патофизиолошки медијатори во многу заболувања, како што се автоимуните, инфламаторните и малигните заболувања, а посебно се истакнува нивната улога кај респираторните и срцевите заболувања, дијабетесот…

Оксидативниот стрес кај срцевите заболувања предизвикува оштетување на кардиомиоцитите, клетки на срцевиот мускул. На ниво на миоцитите предизвикува индукција на генетска експресија (израз), хипертрофија (зголемување) на миоцитите, апоптоза (програмирана клеточна смрт) на миоцитите, миокардна дисфункција. Слободните радикали имаат директен штетен ефект и врз метаболизмот на миоцитите, со менување на пермеабилноста (пропустливост) на клеточната мембрана.

Исто така, слободните кислородни радикали стимулираат пролиферација на фибробластите во срцето, доведувајќи до ремоделирање на екстраклеточниот матрикс. Овие клеточни случувања вклучени се во развојот и прогресијата на процесот на ремоделирање на миокардот, кој што доведува до срцева слабост.

Фиброзата на миокардот придружена со хипертрофија на левата комора, е една од најзначајните патоанатомски промени во срцевата слабост.

Исто така слободните радикали предизвикуваат ендотелна (ендотел-внатрешен слој на зидот на крвен сад) дисфункција која претходи пред процесот на ремоделирање, со што се менува регионалната прераспределба на минутниот волумен (крвта), што преставува важна причина за намалена толеранција на напор кај срцевите заболувања. Сето ова предизвикува активирање на компензаторните механизми, кои сега покрај компензаторен ефект имаат и прооксидативен, со што се придонесува до уште поголема продукција на слободни радикали. А зголемената продукција на слободни радикали пак, уште повеќе ја влошува ендотелната функција.

Се смета дека срцевата слабост е состојба на хронично оштетување на оксидативните механизми, која настанува поради зголемен оксидативен стрес и последица на клеточна лезија. Специфично во срцето слободните радикали предизвикуваат ремоделирање на миокардот со оштетување на контрактилниот апарат и контрактилната функција. Слободните кислородни радикали директно ја оштетуваат контрактилната функција на срцевите клетки, преку модификација на протеините и со посредство на процесот на апоптоза. Потврдено е дека оксидативниот стрес кај срцева слабост настанува поради поголемо создавање на кислородни радикали, во споредба со намалување на антиоксидативната заштита.

Може да се констатира дека:

  • високото ниво на слободни кислородни радикали е најголема закана по здравјето на луѓето;
  • оксидативниот стрес е таен и тивок убиец;
  • во отсуство на оксидативен стрес, би живееле многу подолго.

За превенција од негативните ефекти на слободните кислородни радикали и борбата против нив, неопходно е користење антиоксиданси.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …