„Онлајн сервис служба“, бесплатна индивидуализирана едукација за деца со попреченост

„Онлајн сервис служба“, бесплатна индивидуализирана едукација за деца со попреченост

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, креираше платформа Онлајн сервисна служба“ која нуди бесплатна, висококвалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост.

Нивните специјални едукатори и логопеди за секое дете ќе дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часови и истите секое дете ќе може да ги следи од дома со поддршка од родител или старател.

Регистрацијата може да ја извршите преку пополнување на барање во платформата https://otw.assistive.mk/baranjeMK/  или преку јавување на телефонските броеви во продолжение:

072275211 или 078282662 – за македонски јазик
071989822 – за албански јазик

За да се информирате подетално за бесплатната платформа „Онлајн сервиса служба“, кликнете на линкот во продолжение: https://otw.assistive.mk/ .

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …