ООУ „Добре Јованоски“ го реализираше проектот за унапредување на образовната инклузија на Ромите

Во ООУ „Добре Јованоски“ денеска се одржа завршната манифестација од
проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите
за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, кој училиштето го
реализираше заедно со Здружението за поддршка на маргинализирани заедници
– Ромски Ресурсен Центар Скопје и невладината организација Рома Перспектив
од Прилеп.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Илија Јованоски напомена
дека како поранешен ученик во ова училиште, одлично ја разбира потребата од
инклузија на Ромите во заедницата.

„Своето основно образование го завршив токму овде, во ООУ ‘Добре Јованоски’,
делејќи ја клупата со ученици од ромската етничка заедница. Од тие причини,
позната ми е потребата и важноста од инклузија на Ромите и во нашата општина,
но и во пошироки рамки. Општина Прилеп и јас како градоначалник, секогаш ќе ги
поддржуваме ваквите проекти кои придонесуваат не само за подобра инклузија на
нашите сограѓани Роми, туку и за подобрување на условите за нивно
образование“, истакна градоначалникот Јованоски.

Директорката на ООУ „Добре Јованоски“, Сузана Дарковска рече дека главна цел
на проектот е поттикнување погодна средина за граѓанското општество во
Македонија, заради подобро промовирање на правата на децата Роми, особено
правото на еднаков пристап до квалитетно образование.

„Во периодот што следи ќе посветиме уште поголемо внимание на зголемениот
опфат на децата Роми во прво одделение, информирање и едукација на нивните
родители преку трибини, дебати и работилници, градење партнерства помеѓу
институциите и граѓанскиот сектор, вклучување на образовни медијатори, а ќе се
фокусираме и на мерки за стимулирање на редовното посетување на училиштето
и на туторството како дополнителна поддршка. Исто така, сакам да потенцирам
дека нашето училиште е позитивен пример за интегрирано образование“, нагласи
Дарковска.

За значењето и резултатите од имплементацијата на проектот, зборуваа Кристина
Василевска, директор на КМОП, партнерска организација на Ромскиот Ресурсен
Центар, како и Сами Ајдини од невладината организација Рома Перспектив.

Професорката Светлана Петкоска говореше за историјата на Ромите, а
присутните можеа да ја видат и изложбата на цртежи, изработени од учениците од
ООУ „Добре Јованоски“.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …