ООУ „Страшо Пинџур“, пример за инвестиции во училиштата во населените места

ООУ „Страшо Пинџур“, пример за инвестиции во училиштата во населените места

Подобрувањето на условите за изведување на наставата, како еден од приоритетите на локалната самоуправа на Општина Прилеп, не ги опфати само училиштата во градот, туку и во населените места.

Во периодот од 2018 до 2020 година, во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари извршени се неколку значајни зафати, како што се реконструкцијата на подот и обновата на фасадата во централното училиште, набавениот нов мебел за централното и подрачните училишта, како и реконструкцијата на спортската сала и соблекувалните.

„Исто така, во училиштето во Големо Коњари е поставен ламинатен под и нови вариолајт ролетни, а во училиштето во Мало Коњари е изградена пристапна рампа за децата со посебни потреби, променети се канцеларискиот мебел и санитариите во тоалетите и извршено е функционално и естетско уредување на училишниот двор, при што старите и дотраени дрвја се заменети со нови, зимзелени. Во насока на подобрување на воспитно –образовниот процес, набавивме смарт табла и други нагледни средства за одделенска и предметна настава, а преку општинска апликација за енергетска ефикасност, училиштето минатата година доби 7 инвертор клими за сите училници и канцеларии во подрачните училишта во Големо Коњари и Кадино Село“, истакна Ирена Кироска, директорка на ООУ „Страшо Пинџур“.

Како што истакна Кироска, годинава ќе биде изградено ново спортско игралиште во Големо Коњари, за кое од буџетот на Општина Прилеп се обезбедени 2.750.000 денари, ќе биде поставено централно греење во училиштето во Мало Коњари, кое конечно ќе добие и биста на патронот, Страшо Пинџур.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …