Опожарувањето на автомобилот на Локвенец е чин против европската иднина на државата

Прес конференција на Никола Багески, член на ЦО на СДСМ:

Почитувани,

Синоќешното опожарување на автомобилот на пратеникот Хари Локвенец, е уште еден вандалски чин насочен не само против највисоките функционери на нашата партија, туку и против европската иднина на нашата држава.

Немилиот настан кој се случи само неколку часа после потпишувањето на историскиот договор, го носи потписот на ВМРО-ДПМНЕ. Не така одамна, партиските јуришници на Груевски и Мицкоски, својот “патриотизам“ го манифестираа со напади на домовите на пратениците на СДСМ.

Целокупната домашна и меѓународна јавност беше сведок на синоќешното насилство пред македонското Собрание, кога во режија на ВМРО-ДПМНЕ беше нападната македонската полиција и беше направен нов обид за насилнички упад во највисокиот законодавен дом, сличен на оној од ланскиот 27 април.

Опожарувањето на автомобилот на нашиот сопартиец, Хари Локвенец, е дел од сценариото на ДПМНЕ за предизвикување немири и дестабилизација на државата. Она што и во оваа прилика сакаме да и’ го порачаме на најголемата опозициска партија, е дека нивните обиди за запирање на демократските процеси, се премногу провидни и одамна прочитани. Недостигот на демократски капацитет на партијата чие доскорешно раководство е предмет на интерес на Јавното и Специјалното обвинителство, е повеќе од очигледен. Секој кој се огрешил пред лицето на правдата, мора да одговара!

Од тие причини упатуваме апел до надлежните институции што поскоро да ги преземат сите законски мерки и да ги откријат извршителите и нарачателите на овој гнасен чин.

Процесот на забрзано чекорење кон ЕУ и НАТО, незапирливо тече. Премиерот Зоран Заев ја има поддршката на домашната и меѓународната демократска јавност, за што впрочем, деновиве пристигнуваат честитки и поддршка од сите страни.

Македонија чекори напред!

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …