Опозицијата побара дополнително време да ги разгледа новите построги мерки за ковид-19

Опозицијата побара дополнително време да ги разгледа новите построги мерки за ковид-19

На денешната собраниска седница, на барање на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, не се најдоа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, кои се всушност новите построги мерки за заштита од коронавирусот.

Се очекува Собранието да расправа за Законот на следната собраниска седница, на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски, кои беа позитивни на ковид-19.

Со законските измени Владата предлага да биде задолжително носењето маски на отворено, да се ограничи групирањето по 22 часот, семејните собири и одењето на гости. Предвидено е и економските активности да се одвиваат до 23 часот, а во јавниот превоз капацитетите да се намалат на 50 отсто.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

Мицкоски нуди компромисно решение за техничката влада

На лидерската средба кај премиерот Христијан Мицкоскибеше постигнат начелен договор техничката влада да се укине, со можен компромис …